МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

Од:

Тројца криминалци, се уапсени вчера од страна на полицијата, кои избегнувале да одлежат затворски казни.

Полициски службеници од СВР Тетово го уапсија Ш.С.(25) од с.Требош, тетовско, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик.

Во с.Горно Седларце, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го привеле Б.З.(42) од с.Горно Седларце, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 144 од Кривичниот законик.

Во с.Расадиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го привеле И.А.(35) кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик.

Тројцата биле спроведени во Казнено-поправната установа затвор „Тетово“ за издржување на казните.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби