МВР со детали за инцидентот во Чаир: Тројца се повредени, меѓу нив еден е малолетник

Од:

Тројца повредени е крвавиот биланс од оружениoт инцидент кој се случил денеска околу 18 часот во Чаир.

Од полицијата велат дека на инцидентот му претходела тепачка во близина на поликлиника Бит Пазар во Скопје.

„По тепачката од ГОБ Св.Наум Охридски е пријавено дека за лекарска помош се пренесени А.Б. (20) со повреда на десна рака од оружје, како и А.Б. (23) со повреди од тврди предмети и 17-годишен малолетник со повреди од физички напад“, велат од МВР и додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

15-годишник силувал тинејџерка

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол