ВИДЕО: МВР снемува обрасци за пасоши, до средината на февруари ќе се потрошат, за возачки дозволи веќе нема

Од:

Министерството за внатрешни работи не издава возачки дозволи оти нема обрасци, а снемува и од залихите на обрасци за издавање пасоши. Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, денес објасни дека од истите причини доцнело и издавањето лични карти.

„Имаше недостиг на лични карти при што од 26 декември некаде до 16/7 јануари се чекаше за издавање лични карти. Имаше недостиг на возачки дозволи, сè уште не е пристигната новата пратка на возачки дозволи, треба да пристигне кон крајот на овој месец, поради тоа и се кочи тука кај возачките дозволи и има недостиг на пасоши, образец тип А. Веднаш бев алармиран за овој проблем и ги презедов сите неопходни дејствија за негово надминување. Веднаш испратив писмо до претседателот на германската компанија што е надлежна за дистрибуција и производство на овие лични документи до Министерството за внатрешни работи. Ги алармирав службите во Министерството за внатрешни работи, пишував ургенции, ја алармирав и меѓународната заедница, при што веќе се стигнати обрасци за лични карти, ги очекуваме обрасците за возачки дозволи, а за патни исправи има обрасци некаде до средината на февруари. Согласно планот на Министерството за внатрешни работи и таа лоша анализа којашто била направена, патните исправи треба да стигнат дури на крајот на март. Сега ќе правиме дополнителни напори да се надмине и овој проблем“, рече министерот Чулев.

Причина за недостигот, според министерот, се лошите анализи за набавки од раководството кое не зело  предвид дека годинава ќе има зголемена побарувачка на лични исправи поради изборите, поради измените за издавање лекови на рецепт исклучиво со документ за идентификација, а не биле соодветно преброени и документите издадени пред 10 години чија важност истекува и граѓаните ќе побараат обновување.

Набавката на обрасци и недостигот ги испитува Внатрешната контрола во МВР, која треба да  утврди дали има незаконско постапување.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски