МВР: Се злоупотребуваат стари случаи со исчезнати лица за да се шири страв кај граѓаните

Од:

Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите што вчера и денеска се споделуваат на социјалните мрежи дека е исчезнат Лука Божиновски.

– Се злоупотребува случај од 2017 година кога лицето е пријавено за исчезнато и веднаш пронајдено. Имено, Лука Божиновски е пријавен за исчезнат на 3.8.2017 во ПС Ѓорче Петров и веднаш е пронајден односно запрена е потрагата по него на 4.8.2017. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни вести со кои поединци сакаат да предизвикаат страв и несигурност, нагласуваат од МВР.

Ваквите лаги и дезинформации, според МВР, се прават со цел да предизвикаат страв кај граѓаните.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Го запали својот автомобил, побегна и пукаше во полицијата

А1он

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски