МВР: Посети на ученици на верски објекти за надминување на верските предрасуди

Од:

Во рамките на проектот „Безбедност во училиштата“ Отсекот за превенција и ПС ОН од СВР Скопје заедно со клубот за превенција при СУГС „Боро Петрушевски“ завчера (07.02.) организираа посети на ученици на верски објект од христијанска и од муслиманска вероисповед – џамија.

Оваа активност се реализираше во склоп на темата “Еднакви во различноста“, чија основна цел е надминување на стереотипите и предрасудите на младите луѓе кои честопати во сопственото однесување тргнуваат од тоа што е изградено како систем на вредности во нивната потесна група која ја прифатиле за дружење и често не ги прифаќаат, односно ги одбиваат вредносните системи на другите.

Целта на полициските службеници за превенција беше фокусирана на влијанието врз ослободување од негативните предрасуди, научените шаблони на однесување во поглед на јазичните и особено верските бариери, и недовербата и нетолеранцијата кон различните поединци или групи, а коишто знаат да бидат “мотивирани“ токму од ваквите негативни предубедувања.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари