МВР: Петмина насилници нападнале гледачи на фудбалски натпревар во Аеродром

Од:

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје денеска (06.12.2022) ги уапсија И.М., Д.М., Б.М., Ѓ.Н. и Н.М. по претходна пријава од Е.С. од с. Коњари дека петмината насилници на 4.12.2022 околу 15 часот за време на фудбалски натпревар на фудбалски терен на подрачјето на општина Аеродром ги нападнале него и други гледачи, фрлајќи со тврди предмети кон нив.

„Со приведените е извршен службен разговор во полициска станица и известен е јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомнение за извршено кривично дело насилство“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Велс: Избодени со нож се неколку лица

Горан Наумовски

Инцидент во Виена: Тинејџер со ножици избодел другар

Горан Наумовски

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ги спаси сендвичот од детето-семејство на одмор нападнато од слон

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Прозорец од 21 кат падна врз мајка и бебе во количка

Предраг Петровиќ

Пукање во центарот на Куманово, едно лице повредено