Министерството за внатрешни работи извести дека граѓаните и правните субјекти, односно сопствениците на возила заклучно со 12.02.2024 мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката “МК“ со ознаката “NMK“.
„Сите сопственици на регистрирани возила се должни да ги заменат регистарските таблици кои ја содржат буквената ознака „МК”, издадени до денот на отпочнување со примена на овој правилник (15.01.2021 година), односно таквите таблички можат да се употребуваат најдоцна до 12.02.2024 година“, велат од МВР.