(ВИДЕО) Сами ќе си плаќаме за промена на табличките од МК во НМК – не мора да се чека регистрација

Од:

Заклучно со 12 февруари в година, сите сопственици на возила што сè уште имаат регистарски таблички со МК-ознака мора да извршат промена и да си набават таблички со ознаката НМК, потсети МВР.

Од таму велат дека сите сопственици на регистрирани возила се должни да ја направат оваа промена, а рокот истекува за една година.
Како што информира портпаролката на МВР, Сузана Прањиќ-Талевска, за „А1он“, не мора да ја чекате регистрацијата за да ги промените табличките, можете да отидете кога сакате и да ја направите промената, но од МВР потенцираат дека доколку сепак одлучите да ја чекате регистрацијата, сами да им посочите на вработените во пунктовите за регистрација дека имате стари таблички што треба да се заменат.

Промената на табличките граѓаните ќе ја платат сами, односно ќе ги чини 1.400 денари.

Промена на ознаката на регистарските таблички од МК во НМК произлезе од преспанскиот договор, што земјава го потпиша со Грција во јуни 2018 година.

„Имено, во согласност со член 27 став (1) алинеја 5 од Законот за возилата (‘Службен весник на Република Македонија’ бр. 140/08; 53/11; 123/12; 70/13; 164/13; 138/14; 154/15; 192/15; 39/16 и 161/19) и во согласност со член 28 од Правилникот за форма и содржина на образецот на барањето за издавање на пробните таблички, формата и содржината на регистарските и на пробните таблички, како и начинот и постапката на нивно издавање (‘Службен весник на Република Северна Македонија’ бр. 293/2020), сите сопственици на регистрирани возила се должни да ги заменат регистарските таблички што ја содржат буквената ознака ,МК, издадени до денот на почнување со примена на овој правилник (15.1.2021 година), односно таквите таблички може да се употребуваат најдоцна до 12.0.2024 година“, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он