А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МВР: Македонските пасоши се меѓу најтешките за фалсификување во Европа

by А1он28/11/2014 - 15:1528/11/2014 - 15:18248
Share0

Македонските патни исправи од втората генерација, се меѓу водечките во Европа во однос на заштитните елементи кои ги поседуваат за надминување на ризиците од потенцијална злоупотреба и фалсификат.

Добивај вести на вибер

Истите содржат преку 20 елементи на заштита поделени во четири категории, почнувајќи од самата хартија, преку заштитата на страницата за личните податоци, па се до заштитата при персонализацијата во машински читливата зона и заштитата при внесувањето на податоците во чипот од втората генерација.

Дополнително, македонската патна исправа може да ја активира само нејзиниот сопственик со што таа се вбројува меѓу најбезбедните во моментов. Досега во МВР немало никаков проблем, односно ниту некогаш или пак во моментов недостасуваат оригинални обрасци.

Од друга страна од ниту една граница, земја или институција во република Македонија и надвор од неа нема пријавено дека некој злоупотребувал фалсификувани обрасци за каква било потреба.

МВР се надева дека „алармирањето“ на фокус не е по нечиј налог туку дека навистина постојат докази и сомненија дека некој фалсификувал и злоупотребувал македонска патна исправа. Остануваме отворени и го охрабруваме фокус да ги приложи доказите и сомненијата за да се оттргнат сите дилеми за тенденциозни и несериозни монтажи и измислени обвинувања, велат од МВР како реакција на текстот на Фокус.

mvr

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 12:03

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски08/03/2026 - 16:0108/03/2026 - 16:04

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски08/03/2026 - 12:0708/03/2026 - 12:23

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ07/03/2026 - 16:0807/03/2026 - 16:10

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Предраг Петровиќ28/02/2026 - 16:18

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Горан Наумовски23/02/2026 - 13:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен