МВР: Kривична пријава против 18-годишник кој фрлаше со „молотови коктели“

Од:

Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против 18-годишниот Ј.С., поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, казниво по член 385 од Кривичниот законик.

„Имено, на 05.07.2022 година околу 21.00 часот, за време на одржување на јавен сoбир на граѓани организиран преку социјални мрежи, Ј.С. започнал да подготвува молотови коктели и да фрла со нив кон полициските службеници и објектот на Собранието на РСМ.

По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, Ј.С. е лишен од слобода, обезбедени се сите докази против него во координација со ОЈО Скопје и лицето е изнесено пред Судија на претходна постапка“, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари