МВР: Комплетно разбиена групата терористи, пронајдени 14 тела

Од:

Операцијата за разбивање на терористичката група во кумановската „Дива Населба“ е завршена.

Групата која беше стационирана во неколку објекти и преставуваше закана по безбедноста на граѓаните на Република Македонија е целосно неутрализирана и елиминирана, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи Иво Котески.

Според сомненијата, како што информира Котески, лидери на групата се озлогласените Мухамед Красниќи т.н. Малишева, Мирсад Ндрецај т.н. командант Нато, Сами Укшини т.н. командант Соколи, Бег Ризај алијас командант Бегу и Дем Шеху, алијас Јунику, сите косовски државјани.

На лице место досега се пронајдени 14 тела во униформи чиј идентитет дополнително ќе се утврдува. Засега е препознаен Џафер Зумбери од Џаковица.

– Во моментов не може да се исклучи дека има и други загинати терористи со оглед на фактот што објектите од кои ја напаѓаа полицијата се значително оштетени и можно е во други простории кои дополнително треба да се проверат да има други тела, рече Котески.

Информира дека е пронајден голем арсенал оружје кој ќе биде предаден на вештачење. Вчера, додаде, на полициските сили им се предале повеќе од 30 терористи, главно македонски државјани но и еден албански.

Портпаролот на МВР потврди дека во акцијата загинаа осуммина полицајци и се повредени над 37.

Информира и дека засега нема податоци за евентуални жртви од цивилното население.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово