МВР издаде 253 потврди на илегални мигранти

Од:

Министерството за внатрешни работи изминатите 24 часа издаде 253 потврди на илегални мигранти кои изразиле намера за поднесување барање за азил. Дел од нив, меѓу кои и деца, се откриени во товарен воз кој од Република Грција пристигнал на Железничката станица во Гевгелија.

Илегалните мигранти се откриени откако почнале да удираат од внатрешноста на вагонот, заради неподносливите услови внатре, односно опасноста да се задушат.

Врз основа на измените и дополнувањето на Законот за азил и привремена заштита од 18.06.2015 година, Министерството почна со издавање потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегуваат на нашата територија.

Би можело да ве интересира

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица