МВР: Хартиите на Заев се лага, УБК никогаш не следела новинари незаконски

Од:

Хартиите со кои денеска манипулираше четвртоосомничениот Зоран Заев се најобична лага, а не документи на Управата за безбедност и контраразузнавање. Министерството за внатрешни работи и УБК во време на сегашното раководство никогаш ниту незаконски следеле ниту правеле анализи на новинари, велат од МВР по прес конференцијата на лидерот на СДСМ.

„Сме работеле согласно истите. Најостро ги демантираме сите изнесени клевети и конструкции објавени денеска од страна на четвртоосомничениот Зоран Заев. Истиот се товари за најтешки дела против државата и граѓаните и во судска постапка по опертивната обработка „Пуч” согласно Законот ќе добие можност да ја даде својата одбрана за материјалите за кои изјави дека му биле дадени од странска служба. Со денешната пресуда започна разврската во акцијата „Пуч” и се поочигледно станува дека четвртоосомничениот Зоран Заев почнува да се губи и да тоне обидувајќи се да исконструира се поголеми лаги“, се вели во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски