МВР: Го расветлуваме инцидентот во „Палас“, ова е опсежна полициска операција

Од:

МВР не соопштува детали околу вечерашното апсење на лица инволвирани во пукотниците во хотелот „Александар Палас“ што се случи во саботата. Засега се се сведува на шпекулации и непотврдени информации, од кои последните се дека всушност вечерва се приведени две од лицата во кои било пукано, а не пукачите. Според нашите извори, лицата во кои било пукано завчера упатувале заканувачки пораки до полицијата и реагирале дека не биле заштитени за време на инцидентот.

Од МВР тврдат дека станува збор за опсежна полициска операција и дека никакви детали во овој момент не можат да бидат соопштени.

„Изминатото деноноќие полицијата презеде оперативно такитчки активности со цел расветлување на настанот во Алаксандар Палас. Приведени се две лица кои се поврзани со овој настан и со кои се обавуваат истражни разговори. Со оглед на тоа дека станува збор за опсежна полициска операција која е во тек, во овој момент детали нема да бидат соопштени“, велат од МВР.

Полициската станица Карпош вечерва е под опсада – сите приоди до станицата се блокирани од страна на специјалци со автомати, а секој автомобил што ќе помине го осветлуваат рефлектори.

Пукотниците во хотелот „Александар Палас“ се случија во саботата вечерта. Додека во ресторанот на хотелот седеле Е.И. (21), Е.И. (25), О.Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25), три лица со маски почнале да пукаат кон нив. Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, а бил дел од групата, испукал 11 куршуми од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале. Повредени лица во инцидентот немаше.

Трагите за напаѓачите се претпоставува дека водат кон скопско Арачиново во чија близина беше и пронајдено возилото што го користеле напаѓачите. Автомобилот „Фолксваген Туарег“ бил целосно пеплосан по нападот, а внатре биле пронајдени две опожарени автоматски пушки марка „калашников“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Како работела лихварската банда – наплаќале огромни камати, одземале имот и живееле луксузно

Катерина Ѓуровски

Фатен бегалец од штипскиот затвор осуден за убиство

Полициска акција во Скопје, се прават претреси поради лихварство и перење пари

Катерина Ѓуровски

Петмина повредени во сообраќајката кај штипската населба Три чешми

Го тепал брат му со дрвена ногарка, го оставил да крвари и си легнал да спие

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“