МВР со детали за случајот во кој функционер на ДУИ кој нападна полицајка

Од:

МВР објави детали за случајот со Бекир Асани, висок функционер на ДУИ, кој утрово вербално нападна полицајка.

Како што претходно објавивме, полицајката и вработени од „Градски паркинг“ го кренале непрописно паркираниот автомобил на Асани, по што тој ја нападнал полициската службеничка.

„Денеска, околу 10 часот на крстосниците на булеварот Гоце Делчев и улицата Филип Втори во Скопје при подигање патничко моторно возило ’ланд ровер’ со скопски регистарски ознаки со специјално возило ’пајак’, од страна на Б.А. вербално е нападната полициска службеничка, која била на местото на настанот. Бидејќи Б.А. агресивно се однесувал кон полициската службеничка, биле повикани и други полициски службеници на местото на настанот. Со Б.А. е извршен разговор во ПС Бит-пазар и изготвен е записник за констатиран прекршок по чл. 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Асани е експретседател на разгранокот на ДУИ во Чаир. За него МВР има регистрирано неколку инциденти. Министерството го сомничи за напад на претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, во март 2016 година по неуспешниот обид да се стават темели на крст во Бутел. Функционерот на ДУИ пред две години бил уапсен во Србија за сообраќаен прекршок. За него медиумите пишуваа дека му се заканувал на сегашниот премиер Зоран Заев дека доколку се појави некој од прислушуваните разговори меѓу функционери на ДУИ, ќе биде лошо.

Би можело да ве интересира

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата