МВР апелира да не се објавуваат нови снимки на „Јутјуб“

Од:

„МВР се придружува до апелот на Обвинителството, да не се објавуваат снимки на „Јутјуб“ кои можат да бидат искористени во понатамошна постапка. Но, се прашува и се пишува само за овие снимки. Зошто не се пишува за снимките што ги објавува Заев? Погледнете го членот 151 од кривичниот закон, објавува приватни разговори“, вели портпаролот на МВР, Иво Котевски.

На прашање на „Мета“, дали МВР презема нешто во однос на овие снимки, Котевски вели: „Сè што треба“.

– Постапуваме по сите наредби на Јавното обвинителство, се обративме до „Јутјуб“ и снимките беа тргнати. Но, најдобро е да си се јавите до „Јутјуб“ и да прашате. Тоа е приватна компанија и МВР нема надлежност над нив – вели Котевски на прашањето дали МВР побарало од „Јутјуб“ да ги тргне снимките од „тајните средби“ меѓу Груевски и Заев.

Обвинителството му наложи на МВР да побара од „Јутјуб“ да ги тргне снимките, иако, последниве денови, се појавија нови две снимки на видеосервисот.

– Истрагата е во тек, координирани сме со Обвинителството и постапуваме по сите нивни наредби – вели Котевски за видеоснимките од средбата меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на опозицијата, Зоран Заев, направени со примена на посебни истражни мерки (ПИМ), како што самиот тој наведе во неговот последно обраќање кон јавноста за случајот „Пуч“.

– Постапуваме по случајот – беше одговорот од МВР и по појувањето на првите две снимки од средбата меѓу премиерот и лидерот на СДСМ, на почетокот на февруари.

Оттогаш досега нема информации дали е откриено кој, кога и како ги поставил спорните снимки на видеосервисот. Напротив, викендов излегоа уште две снимки од истата средба, еден ден откако обвинителството излезе со уште едно соопштение, во кое, иако неконцизно и нејасно срочено, се наведува дека од Основното јавно обвинителство Скопје „се издадени наредби до надлежни органи за преземање мерки и дејства за да се извршат проверки за да се соберат известувања за тоа кој, кога и на кој начин ги објавил материјалите, нивното потекло, како и сите други правно релевантни податоци“.

За текот на истрага, односно дали надлежните органи постапуваат по наредбите и дали има некаков исход, „Мета“ праша и во Јавното обвинителство, но оттаму не добивме одговор.

Спорните снимки, насловени „Вистината на виделина 1 и 2“, сè уште можат да се видат на видеосервисот, со датум на објавување 2 февруари, а од викендов се објавена уште две снимки од 15, односно 21 секунда, едната со име „Анкети“, а другата – „Признание на поразот“. Снимките се поставени на истиот канал на „Јутјуб“, со псевдоним „хохо лол“.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа