Муса: Нема тенденција на раст на бројот на заболени од морбили

Од:

Нема тенденција на зголемување на бројот на заболени од морбили, а останува во сила забраната за прием на невакцинирани деца во градинките за да се спречи натамошно ширење на заразата, рече заменик-министерот за здравство Асим Муса на седницата за пратенички прашања.

-Нема тенденција на раст на бројот на заболени од морбили. Бројот на вакцинирани деца и граѓани заклучно со вчерашниот ден е 8.800, значи околу 9.000 би бил до крјаот на денов. Вкупниот број на невакцинирани беа 15.000, 12.000 беа деца од претшколска возраст, а останатите беа возрасни. Со завршување на процесот на вакцинирање, очекуваме и намалување на новозаболените од морбили, рече Муса.

Додаде дека вакцините произведени од „Глаксосмит“ се висококвалитетни и регистрирани во сите земји на ЕУ и во повеќе од 70 земји надвор од Унијата.

-Воопшто не станува збор за сомнеж за квалитетот на вакцините. Треба заедно да се бориме со конфузијата што настана со декларациите во кутиите со грешка во датумот на траењето, додаде Муса.

Би можело да ве интересира

Андоновска: Секој суспектен случај на морбили да биде пратен на Инфективна или во ИЈЗ

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

Во јуни 551 лице со овчи сипаници, памалку во однос на заболени во мај

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска