Мукоски, Арнаудов, Василевски, Тарчуловски и Димовски си изгласаа амнестија

Од:

Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски се петмината пратеници обвинети за настаните на 27 април. Првите тројца се членови на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која е иницијатор на носење на ваков закон, иако на предлогот се придружија и други пратеници, а тие не се формални потписници.

Истите тие гласаа за Законот кој сега им овозможува да бидат амнестирани или ослободени од кривично гонење за „Крвавиот четврток“.

Право и обврска на секој пратеник е да гласа и јасно да го изразува својот став, но прашање е каде е тука моралниот аспект? Тие со своите гласови придонесоа да се изгласа закон од кој, после дадената изјава дека се согласуваат и бараат амнестија, ќе имаат бенефит и ќе бидат ослободени.

За изгласување на овој закон беа потребни 61 глас, и со оглед на тоа што и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ дадоа поддршка, можеби требаше подобро да се размисли и овие четворици да се изземеа од гласање и никој немаше да ги обвинува дека постои судир на интереси.

Гласањето го потврди и незадоволството на ЛДП и лидерот на партијата и пратеник Горан Милевски не гласаше никако за законот. Но Јулијана Николова не го почитуваше партискиот став и гласаше за законот, исто како и сега независната Никица Корубин.

Кон законското решение се придружија и Илија Димовски и Панчо Минов.

Во рок од пет дена од денот на влегување на законот во сила, поднесуваат барање до првостепениот суд пред кој се води постапката. Судот за пет дена го носи решението доколку се исполнети условите од законот, а по претходно прибавено мислење од надлежен јавен обвинител.

Амнестијата за 27 април не ги опфаќа лицата осомничени, обвинети, правосилно осудени како и лица кои издржуваат казна затвор за настаните поврзани и во врска со настаните во од 27 април 2017 година за кои постои основано сомнение дека учествувале во подготвување или организирање на настаните или се правосилно осудени, а кои до денот на влегување во сила на овој закон сториле кривично дело „Здружување заради непријателска дејност”, лица со прикриен идентитет кои употребиле физичка сила, лица кои сториле насилство, лица кои неовластено носеле оружје или распрскувачки материјали и лица кои постапиле спротивно на службените овластувања при вршење на кривичното дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”, кривичното дело „Убиство” и кривичното дело „Насилство”.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски