Мухиќ: Напаѓачите добиваа наредби од команден штаб

Од:

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска која го суди предметот, рече дека претседателот на судот, Иван Џолев, донел решение со кое го одбива барањето на адвокатот на Јохан Тарчуловски за нејзино изземање, бидејќи како што соопшти, никој од поканетите на рочиштето не се сослушува во својство на оштетен, туку само како сведоци.

Пратеникот Ферид Мухиќ во сведочењето рече дека имал средба со еден од напаѓачите во Собранието на 27 април 2017 година.

„Го фрли тркалото од ногарката од металното столче, јас се наведнав и тркалото се распадна во ѕидот”, сведочеше Мухиќ. Пратеникот рече дека напаѓачот бил неверојатно силен и прецизен како атлета и го гледал со омраза иако почувствувал дека нема ништо лично против него.

„Добив впечаток дека станува збор за команден штаб, бидејќи разговараа хиерархиски со наредби”, се присети Мухиќ. Според сведокот, присутните прашувале што станало со Зијадин Села, и откако добиле одговор дека е готов, некој прашал, што е со останатите.

Сведокот Мухиќ рече дека еден од гласовите извикал:

„Излези, доаѓаат шиптарите. Ако треба да им дадеме оружје на луѓето”.

По него во судот на предлог на Обвинителството треба да сведочат Курто Дудуш и Душица Мрѓа.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски