(ВИДЕО) Мухамед Зеќири спроведен во затворот во Шутка, судот му одреди притвор

Од:

Судот му одреди притвор на Мухамед Зеќири. Полицајци од надлежна полициска станица по шест часа во Кривичен суд, со полициско возило го спроведоа од судот. Распитот траеше еден час, се чекаше три часа, а се одлучуваше два часа. Обвинителката си замина пред него, оставајќи дежурниот судија сам да донесе одлука, по нејзините аргументи. Зеќири се бранел и не се согласувал да му се изрече мерка на претпазливост.

Обвинителката Катерина Коларевиќ побара ефективен притвор што подразбира негово носење во затворот „Скопје“ во Шутка. Мерката беше побарана поради сомнежи дека може да избега, да го повтори делото или да влијае на сведоци. Таа очекуваше истата да биде одредена, а нејзините аргументи да се прифатени. Таа рече дека нема материјални докази, но има сомнежи за можно бегство.

Мухамед Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.

„Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија. Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги“, пишува во соопштението на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.

Попладнево, Зеќири даде оставка и од позицијата генерален секретар на Владата.

„Низ мојот работен век секогаш сум го одбирал вистинскиот пат, патот на чесноста, праведноста и вистината. На овие мои животни вредности сакам да останам доследен. Затоа, како човек со личен интегритет, ја поднесувам мојата неотповиклива оставка од функцијата Генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија. Верувам во институциите на системот, верувам во правичноста и праведноста и верувам дека вистината ќе излезе на виделина. На сите институции им стојам на располагање во секое време, за да ја докажам мојата невиност.
Почитуван претседателе, Ви благодарам на укажаната можност да бидам дел од Вашиот владин состав и Ви благодарам што верувате во мојата заложба и посветеност во работата“, напиша Зеќири.

„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против едно лице за кое постојат основани сомненија за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, судија на претходна
постапка по произнесување на надлежниот обвинител и осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот, а притоа ценејќи
ги сите факти приложени во предлогот, донесе решени со кое го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30
дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1,2 и 3 од ЗКП. Како што и претходно информираше судот, судијата на претходна постапка
по добивање на предлогот на Јавниот обвинител, во Законски утврдениот рок издаде наредба до надлежната ПС за спровод на осомничениот, но во
текот на денот истиот самиот се пријави во судот да се произнесе во однос на предлогот“, вели Кривичен суд.

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири

Зеќири ќе поднесе жалба на пресудата: Спроведував умисла на владата и Битиќи

Александар Тодески

Две и пол години затвор за Мухамед Зеќири, треба да врати и над 71 милион денари во државниот буџет

Александар Тодески

Во Кривичен пресуда за Мухамед Зеќири

Мухамед Зеќири ослободен од притвор и доби преквалфикација на делото поради измените во Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски

Не дојде сведок на одбраната, судењето против Мухамед Зеќири одложено за 24 октомври