Муцунски: Претседателот Мицкоски ја има мојата целосна поддршка да ја предводи партијата до победа на следните избори

Од:

Борбата против лошото владеење на СДСМ, корупцијата, лошата економска состојба и криминалот во кој тоне државата е можна само со силна ВМРО-ДПМНЕ која ќе настапува одлучно и единствено како никогаш досега. Затоа што партијата не е еден поединец, ВМРО-ДПМНЕ е народот, членовите и сите граѓани на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е секој град, секое населено место и секоја општина од државата.

Претседателот Христијан Мицкоски ја има целата поддршка и доверба од мене да ја предводи политичката партија која на следните парламентарни избори ќе освои најголем број пратеници и ќе ја формира иднината влада во Македонија. Нема и не смееме да губиме време за поделби, политичката битка против погубните политики на СДСМ бара лидерство, единство, истрајност и одлучност, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Стратегија Македонија 2030 со шест носечки стожери за безбедна, стабилна, економски и технолошки развиена држава

Горан Наумовски

ВИДЕО: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара со Велика Британија за мигранти, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

Христијан Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

А1он

Мицкоски од Кавадарци: Националниот идентитет не е предмет на преговори

А1он

ВМРО-ДПМНЕ на конгрес во Кавадарци, се очекува реизбор на Христијан Мицкоски

А1он