Еврокомесарката Марта Кос пристигна во Македонија

Од:

Во Скопје за лидерската средба Европска унија (ЕУ) – Западен Балкан денеска пристигна еврокомесарката за проширување, Марта Кос. Таа беше пречекана од македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски.

Лидерската се одржува денеска и утре, а на неа освен македонските претставници ќе бидат присутни и лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.

Главната тема ќе биде Планот на ЕУ за раст за регионот.

Планот за раст на Западниот Балкан го промовираше Европската комисија во октомври 2023 година. Истиот има за цел да го поттикне економскиот раст на регионот и да им помогне на западнобалканските земји да се приклучат кон ЕУ.

Тој предвидува средства од шест милијарди евра за финансирање на реформи и инвестиции во области, како што се енергетиката, транспортот и дигиталната трансформација.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Муцунски во Софија: Ќе ја забрзаме реализацијата на Коридорот 8 со Бугарија и Албанија

А1он

Марта Кос: Мојата визија е дека еден ден целиот Западен Балкан да биде дел од нашата Европа

А1он

Средба Муцунски – Петрова во Софија

А1он

Средба меѓу Муцунски и Петрова ќе има, не е јасно во каков формат