Муцунски: Пописот е крајно политизиран, Пендаровски да се консултира пред да го потпише указот за Законот за попис

Од:

ВМРО-ДПМНЕ е за одржување попис којшто ќе има вистинска рефлекција за демографските состојби во нашава држава, изјави денеска пратеникот од оваа партија Тимчо Муцунски, кој повторно ги изнесе ставот на партијата дека овој попис е крајно е политизиран. Тој уште еднаш го повика претседателот Стево Пендаровски, пред да реши дали да го потпише указот за Законот за попис да се консултира со експерти.

Според него, овој попис се води по застарена методологија, за која тие сметаат дека не е усогласена со највисоките стандарди од ОН и ЕУ, односно стандардите на Евростат.

-Ние даваме конкретни предлози како може Македонија да направи електронски попис бидејќи имаме капацитет за тоа. Но очигледно немаше слух, рече Муцунски.

Тој прашува зошто е потребен двоен потпис за да се потврди една статистичка операција, велејќи дека очигледно има крајно политизирање на процесот.

-Во овие први моменти наша обврска е да се обидеме да ги искористиме сите институционални механизми да го спречиме овој попис. Кога ќе се искористат сите институционални механизми, тогаш партијата треба да разговара кои се следните чекори коишто треба да се преземат за да се спречи една ваква политичка, а не статистичка операција. Како пратеник комуницирам со многу граѓани, верувам дека тоа е и ставот на граѓаните. Сите сакаат попис, но никој не сака попис кој ќе го погази достоинството на нашиот уставно-правен систем. За жал во овој момент законот што го имаме во Собранието гледаме дека има тенденции кои не водат во таа насока, смета Муцунски.

Во врска со повикот на ВМРО-ДПМНЕ до претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпишува указот за Законот за попис, рече дека, според него, примарно најдобро е Пендаровски да се консултира со експерти од оваа област.

-Доколку се консултира со вистински и објективни експерти по ова прашање, верувам дека ќе го упатат кон тоа дека не е овој закон правилниот начин за спроведување попис. Ќе повторам – попис треба, попис треба час поскоро. Но, попис треба земајќи ги предвид современите алатки коишто ги имаме во 21 век. Треба електронски попис на Македонија, а Македонија има капацитет тоа да го направи и притоа нема никој да се сомнева во конечните статистики што ќе произлезат од него, рече Муцунски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било