Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе има нов претседател, ДУИ заминува во опозиција

Од:

Македонија ќе има нов претседател, цензусот е исполнет, а отворениот бојкот на ДУИ не успеа, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

– Елитите на власта се поразени од народот, но денес излегоа на виделина сите игри на власта. Предупредувавме на сценариотот дека ДУИ посакува криза и сака да се факторизира преку бојкот. Добра вест е што ДУИ изгуби двојно, бојкотот не е успешен, а ДУИ оди во опозиција.

Народот денес излегуваше на избори да си ја врати Македонија: Македонци, Албанци, Срби, Роми и Бошњаци гласаа да си го вратат системот. Денешниот ден помина во генерално мирна атмосфера, но се забележани поединечни нерегуларности.

Неколку функционери на владејачката партија се фатени како прават притисоци и го рушат гласачкото право. Институциите мора да бидат на задача и да се примени правото.

На крај, благодарност за огромната доверба и благодарност за тоа што се случи народ.

Очекуваме одличен резултат и сосема извесно е дека Силјановска-Давкова дека ќе биде идниот претседател на Македонија – рече Муцунски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме