Муцунски: Младите од ВМРО-ДПМНЕ праќаат порака дека тие се позади принципиелно членство на Македонија во ЕУ

Од:

„Огромно задоволството е да се отвори овој настан организиран од нашиот политички подмладок, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и ЕДС која е најголемата студентска организација во Европа, но најбитно со официјалната студентска организација на Европската народна партија чија што членка е и ВМРО-ДПМНЕ“, рече Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сметаме дека на овој настан придонесуваме кон добрата соработка со европските земји бидејќи сите претставници тука се или од земји членки на Европската Унија или од земји кои претендираат да станат некој ден членки на ЕУ.

Младите од ВМРО-ДПМНЕ праќаат порака дека тие се позади принципиелно членство на Македонија во Европската Унија, базирано на вредности, базирано на правила и принципи.

Исто така радува што овој настан се реализира и со огромна поддршка на фондацијата Конрад Аденауер, верен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, партнер кој постојано вложува во градење на капацитетите на нашата политичка партија“, изјави Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му