Муцунски: Изјавата на Џамбаски е скандалозна, државата треба да постави јасни граници за своите национални интереси

Од:

Тимчо Муцунски пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиумите кажа дека изјавата на бугарскиот европратеник Џамбаски е скандалозна и дека бугарските политичари немало да си дозволуваат да даваат вакви изјави доколку институциите реагирале соодветно и порационално.

– Изјавата на Џамбаски е скандалозна јас го кажав се работи за еден ситен политички шарлатан. Но политичари како господинот Џамбаски си дозволуваат да даваат вакви изјави бидејќи до сега немавме соодветна пропорционална реакција од страна на институциите. Ние мораме да застанеме во заштита на македонските национални интереси и што по цврсто да застанат институциите на системот во таа насока толку повнимателни веројатно ќе бидат тие од другата страна да не им дозволуваме вакви политички непромислени чекори да прават кој што се најблаго кажано навредлив, рече Муцунски.

Муцунски потенцираше дека кога државата не ги штити доволно своите национални интереси и ги премолчува контроверзните изјави на бугарските политичари тогаш нормално е дека тие ќе си дозволуваат да бидат и далеку поагресивни во својата реторика.

– Нема веројатно и зборови соодветни да се опише тоа што го направи господинот Џамбаски но многу зависи како ќе реагираат институциите на системот бидејќи за жал до сега и при претходни вакви слични изјави дадени од други високи политички претставници на Бугарија ние премолчувавме не дававме соодветна реакција и они по автоматизам веројатно бидејќи коа гледаат дека ти не ги штитиш доволно своите национални интереси ќе си дозволат и поагресивни да бидат и понатаму. Така да добро е во таа насока што имаше реакција но таа е ненавремена и требаше многу порано да имаше ваков тип на реакции спрема тие политички претставници во Бугарија кои што си дозволуваат со таков навредлив тон и речник да се обраќаат спрема македонската нација, рече Муцунски.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски