Муцунски: Градежна офанзива во Општина Аеродром – инвестираме за подобар живот на сите граѓани

Од:

Градежна офанзива во Општина Аеродром – инвестираме за подобар живот на сите граѓани.Денеска извршив увид во градежните активности кои во последниот месец од годината се реализираат во Стар Аеродром каде жителите досега се соочуваа со проблеми во урбаното живеење, недостаток на паркинг места, небезбедни пешачки зони, мал капацитет за собирање и одложување отпад, како и метеж во сообраќајот објави градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски.

– Нашата цел е преку оваа градежна офанзива и преку реализацијата на низа проекти да создадеме соодветни услови за живот во овој дел од општината. Со градежните активности што ќе се имплементираат во наредниот период, Стар Аеродром ќе прерасне во поубаво и поквалитетно место за живење. Граѓаните ќе добијат стотина нови паркинг места, нови улици и пешачки патеки, како и детска градинка што до крајот на овој месец ќе биде пуштена во употреба. Истовремено, наскоро ќе биде асфалтиран и завршен и паркингот зад Мајчин дом. Ова се само дел од инвестициите кои тековно се започнати во општината, а кои согласно со визијата за поубав и посреден Аеродром со засилен интензитет ќе продолжат и следната година, при што најави дека во буџетот за 2023 година планирани се голем број инфраструктурни проекти и капитални инвестиции. Со тековните инвестициски активности се инвестира во инфраструктурни проекти во секое населено место, а со тоа се потврдува заложбата за рамноменерен развој на секој дел од општината и за реализација на проекти со опфат на сите граѓани на Аеродром порачува Муцунски во објавата на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Муцунски на средба со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес

А1он

Муцунски: Во услови на засилени безбедносни и геополитички предизвици владите мора брзо да се приспособуваат и да дејствуваат заеднички

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Сите Македонци кои побарале, треба да бидат евакуирани од Блискот Исток оваа недела

Катерина Ѓуровски

Евакуација на македонски државјани и утре од Емирати, се очекува и чартер со наши граѓани од Бахреин, Катар и Кувајт

Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна е безбедноста на граѓаните!

А1он