Му се слоши на Тони Јакимовски, со итна помош е пренесен на Клиниката за неврологија

Од:

Кривичниот суд го одложи денешното рочиште за предметот со масовното прислушување „Таргет-Тврдина” поради влошената здравствена состојба на обвинетиот Тони Јакимовски.

Во судот веднаш пристигна екипа на брза помош, која што, како што соопшти судијката Џенета Бегтович, по паузата, му измерила висок крвен притисок и слабост на левата рака. Судијата н претходна постапка, Седат Реџепагиќ донел решение по констатацијата на итната медицинска помош, а по барање на адвокатот на Јакимовски, веднаш обвинетиот да биде пренесен кај лекар специјалист за неврологија.

Претходно обвинетиот Јакимовски го испрашуваше сведокот Звонко Костовски. Следното рочиште е закажано за 19 април.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Мијалков нема да одговара за нелегалното прислушување, застаре делото за „Таргет-Тврдина“

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Повторената постапка за „Таргет-Тврдина“ одложена за утре

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски