МТВ проверува упад во системот, реакција откако вчера немаше Дневник во центрлните термини

Од:

Македонската Радиотелевизија ја информира јавноста дека поради сериозен технички проблем не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17.00, во 19.30 и во 22.30 часот, на ден среда, 15.10.2025.

– Се врши проверка дали станува збор за намерен упад во мрежниот систем, поради постоечките сомнежи за пробивање на заштитниот механизам од надворешни напади и влијанија.

Во расветлувањето на случајот ќе бидат вклучени сите надлежни државни институции.

Јавниот сервис им се извинува на граѓаните за неможноста да ги следат централните информативни изданија на нашата програма.
Македонската Радиотелевизија ќе продолжи да известува навремено и објективно, во интерес на јавност, се вели во соопштението од МРТВ откако Националниот серви вчера не ги епитуваше трите дневници во централните термини.

Од МТВ вчера немаше никакво објаснување, денеска откако медиумуте пишуваа за случајот, Националниот сервис се огласи со кратко соопштение.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена жена во лифт во зградата на МРТВ

Левица: Незаконскиот фараонски мандат мора да заврши – јавниот сервис да се врати на јавноста

Горан Наумовски

Почина Јулијана Тануровска, новинарка и одговорен уредник во МТВ

Предраг Петровиќ

Тошковски бил адвокат на фирмата „Ал Дарив” која добила сомнителен тендер од МРТВ, тврди Левица

Бизнис партнери и осомничени во „Делчевски ниви” си делат тендери во МРТВ, обвинува Левица

Ковачевски: Анкетите на МТВ нè потсетуваат како изгледаа медиумите до 2016 година