МТВ: Дегутантно е Шилегов да зборува за наводен скандал, а да не ги доставува документите до надлежните институции

Од:

Очигледно правникот Петре Шилегов кога зборува за договор за закуп или не сака или не знае да го прочита. Единствено во договорот за закуп како облигационен однос стои лицето Миле Јанакиески и Проектот за рехабилитација и продолжување на канализационата мрежа во Прилеп, наведува Министерството за транспорт и врски во реакцијата на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

Вчера министерот Јанакиески пред целата македонска јавност објави дека го раскинува договорот пред се, како што стои во реакцијата, поради лицемерието и дрскоста на политичари како Шилегов кои политиката ја сметаат исклучиво како арена за плукање и навреди, а не како поле на докажуавње преку конкретни проекти.

– Во недостаток на идеи и проекти за граѓаните, раководството на СДСМ и нејзиниот портпарол Шилегов се уште ја држат отворена темата за некаков наводен скандал собирајќи евтини политички поени кај нивните членови за да покажат дека нешто работат, се истканува во реакцијата.

Од Министерството за транспорт и врски појаснуваат дека фирмите кои денеска ги објави Шилегов, вчера беа објавени на неколку веб портали кои ги координира токму СДСМ.

Според Министертвото дегутантно е Петре Шилегов да зборува за наводен скандал, а да се нема храброст документите со кои мавта на неговите прес конференции да ги достави до надлежните институции.

Од Министерството уште еднаш го повикуват Шилегов и неговата партија, да не поставуваат прашања преку медиумите што ги контролираат, тука ако имаат било какви докази да ги достават до Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупција.

– Ги повикуваме да соберат храброст и исто како министерот Јанакиески, неговиот шеф Шеќеринска да ги достави документите до надлежните институции за закупот на нејзиниот стан за која земала кирија од пет илјди евра, наведуваат во реакцијата.

Вчера на прес конференција министерот Јанакиески повтори и јавно потврди дека станува збор за склучен договор за закуп само со еден правен субјект, а не, како што стои во реакцијата, како што сака да прикаже Шилегов, кој упорно се труди да манипулира со договорот.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска