Министерството за труд и социјална политика ги потсетува работодавачите дека имаат обврска да ги почитуваат препораките за заштита на работниците, поради претстојните најавени високи температири утре и во сабота.
– Со оглед на тоа што за петок (30.6.2017 година) и сабота (1.7.2017 година) се прогнозира портокалова фаза, ве информираме за препораките на Министерството за здравство: Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови врз населението во Република Македонија, а со цел заштита на здравјето на луѓето, препорачува од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години, се вели во соопштението од СДСМ.
На работодавачите им се препорачува да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
Министерството за здравство, исто така, препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено, како што се вели во соопштението од МТСП, се препорачува на установите за згрижување на децата (детски градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во истиот период.