А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МТСП: Воведуваме додаток за прво, второ и трето дете

by А1он08/11/2018 - 13:17362
Share0

Со предложените законски измени не се укинува надоместокот за трето дете, туку се унапредува во право на користење на надоместок за прво, второ и трето дете. На овој начин се проширува правото на користење на еднократна парична помош за новороденче и се дава можност на истото и за второродено и за третородено дете. Исто така се прави прогресивно зголемување на износот. За прво дете висината на еднократната парична помош предвидено е да изнесува 5.000 денари, за второ 20.000 денари, а за трето новороденче 60.000 денари.

Добивај вести на вибер

Истовремено, освен што ќе добиваат еднократен надоместок, на сите семејства кои се со минимални приходи и корисници на социјална помош им се овозможува пристап на правото за детски и на образовен додаток, чија крајна цел е да се намали детската сиромаштија, велат од Министерство за труд и социјална политика.

Додаток за трето дете беше наменет кон зголемувањето на наталитетот, но податоците покажуваат дека самата мерка нема никаков ефект врз наталитетот. Стапката на наталитет опаѓа, од 13,3 во 2001 година до 11,1 во 2016 година.

Исто така овој додаток бидејќи не беше наменет за сиромашните лица, додаток за трето дете добивале семејства кои се во многу добра економска состојба и немало никакво ограничување во однос на ова. Промените кои ги направивме ги отстрануваат овие проблеми и парите се насочени кон вистинските групи граѓани.

Во држава со стапка на детска сиромаштија од близу 30%, многу извори покажуваат дека не е целисходно да се издвојуваат толкави средства без притоа значително да се влијае на намалувањето на сиромаштијата.

Би сакале да напоменеме дека стекнатото право на родителски додаток за дете (за трето и четврто дете) ќе продолжи да се остварува. За трето дете до завршување на периодот од десет години, а за четврто дете и кај единствениот родителски додаток до завршување на периодот од 15 години. Промените се однесуваат на новите корисници.

Правото на родителски додаток за трето дете ќе може да се остварува и понатаму во периодот од десет месеци почнувајќи од денот на влегување во сила на овој закон.

За исплата на родителскиот додаток за 2017 година се потрошени 2 643.706.000 денари, соопштуваат од Министерство за труд и социјална политика.

mtsp

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Горан Наумовски15/04/2024 - 11:44

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Горан Наумовски21/02/2024 - 14:15

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски30/08/2023 - 12:3330/08/2023 - 13:54

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска30/05/2023 - 13:16

Стефковски: Тренчевска ја врати разрешената директорка

Ана Ололовска26/05/2023 - 20:58

Стефковски: Скандал – Преку медиумите дознав дека ни се одземени надлежностите за градинката

Ана Ололовска23/05/2023 - 13:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен