МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Од:

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец декември 2021 година.

dobivaj vesti na viber

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 3 јануари 2022 година, велат од МТСП.

Како што известува МТСП, со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

03.01.2022– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ,

04.01.2022– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Апликацијата Сиборд претставува унапредување на инклузијата на децата со попреченост уште од најраната возраст​

А1он

МТСП: Започнува интезивна работа на новиот Закон за работни односи

А1он

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Ана Ололовска

Тренчевска: Социјалната заштита е високо на нашата агенда, грижата за граѓаните е наш приоритет

Ана Ололовска

Тренчевска: Неопходен е ефикасен социјален дијалог за унапредување на безбедноста и здравјето при работа

Ана Ололовска

МТСП: СОНК ги доведува во заблуда штрајкувачите и ги става личните интереси пред интересите на децата​

А1он