МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Од:

Министерството за труд и социјална политика информира дека е почната исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец април 2021 година.

-Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска – 4 мај 2021 година, известуваат од МТСП.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот Ковид-19, од Министеството за труд и социјална политика информираат дека за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето.

Така, денеска ќе се врши исплатата на правата на корисници чии презимиња почнуваат на А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ, а во текот на утрешниот ден (среда) корисниции чии презимиња почнуваат на М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

Би можело да ве интересира

Шахпаска: Во новиот закон за работни односи ќе биде вклучена и формализација на неформалната работа

Ана Ололовска

Ресорната Комисија ги прифати измените на Законот за социјална заштита што предвидува лична асистенција за деца од шест години

Ана Ололовска

ВИДЕО: Во Матејче ќе се гради градинка со средства од МТСП

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шахпаска се обрати на Форум во Мексико: Жената има право на репродуктивна слобода, самата да одлучува за сопственото тело

Ана Ололовска

МТСП: Од понеделник почнува етапната исплата на мартовските пензии

Ана Ололовска

МТСП вложи 5,3 милиони денари во Дневниот центар за лица со попреченост во Топанско поле

Ана Ололовска