МТСП: Во 2018 обезбедивме повисоки додатоци, нови услуги и Центри за лицата со попреченост

Од:

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека унапредувањето на правата и овозможување подобри услови за лицата со попреченост било и останува приоритет и годинава.

Со новиот Закон за социјална заштита се воведуваат две целосно нови услуги за лицата со попреченост Лична асистенција и услугата Домашна нега. Правото за попреченост се проширува и за лицата со интелектуална попреченост, додека додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголемува на 50 отсто од просечна нето плата. Како поддршка на биолошките семејства кои имаат деца со попреченост се зголемува износот на утврдената висина на правото на посебен додаток за 15 отсто. Воедно се воведува и таканаречениот траен надоместок за родител, кој се грижел за детето со попреченост до неговата 26 годишна возраст без да го смести во институција, кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за маж, стои во соопштението.

Од МТСП посочуваат дека годинава ќе се развива услугата за одмена на семејна грижа која ќе обезбедува краткотрајно згрижување на зависни членови од семејството заради одмор, лични и професионални потреби на членови на семејството кои се грижат за нив, што е исто така дел од новиот Закон за социјална заштита. Исто така, како што наведуваат, започна воведувањето на образовните и личните асистенти во настава кои им овозможуваат поддршка на децата со попреченост во образовниот процес. Преку активните мерки за вработување од 1 октомври 2017, до 1 јуни 2018 беа ангажирани 140 образовни асистенти во 18 општини во државата. Во новата учебна година 2018/2019, овој број е зголемен со учество на 34 општини и 300 асистенти во настава.

Минатата година се направени првите чекори за воспоставување индивидуализирани социјални услуги во заедницата – првпат во земјата се воведе услугата персонална асистенција, финансирана од Буџетот на МТСП. По завршувањето на подготовките, вклучувајќи обука на идните персонални асистенти вкупно 69 лица во седум општини добија можност да ја користат услугата лична асистенција во следните општини. Годинава се предвидува 200 лица со попреченост од целата земја да ја користат оваа услуга, вклучувајќи ги лицата со интелектуална попреченост. Отворени се дневни центри за деца со церебрална парализа во Прилеп и Скопје, дневни центри за деца со попреченост во Велес, Кочани, Македонска Каменица, Центар за продолжен престој на деца со попреченост – Куманово, а во завршна фаза е отворањето на Центар за престој и рехабилитација на деца со даунов синдром во Скопје. Завршени се градежните работи за реновирање и адаптација на Центар за рехабилитација на лица со попреченост во ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци Скопје и комплетно е реновиран дневниот центар кои функционира во рамките на установата, информираат од МТСП.

Владата на Република Македонија, посочуваат од Министерството, изминатата година ја усвои Националната стратегија за деинституционализација 2018-2027 „Тимјаник“, кој предвидува 66 милиони евра за 10-годишна реформа на системот за социјална заштита. Во рамки на овој процес сите деца под 18 години беа изнесени од СЗ Демир Капија и сместени во мали групни домови до крајот на 2018 година. Во соработка со УНДП, УНИЦЕФ, УНФПА почнат е проект за трансформација на Заводот за рехабилитација на лица со телесна попреченост Бања Банско Струмица, за што се веќе подготвени 17 лични планови за дел од сместените корисници.

Сите овие новини значително ќе ги зголемат правата на лицата со попречност, ќе се зголеми обемот на услуги до кои ќе имаат пристап, ќе се преземат сериозни активности и ќе се вложат зголемени финансиски средства во индивидуалните услуги кои ќе овозможат независен и живот на лицата во нивното место на живеење и нивно поголемо социјално вклучување, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска