А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МТСП: Следната година за активни мерки и програми за вработување 1,3 милијарди денари

by А1он29/12/2019 - 16:37193
Share0

За идната година за активни програми и мерки за вработување се испланирани рекордни 1,3 милијарди денари, односно 200 милиони повеќе од 2019 година. Како за споредба во 2016 година за Оперативниот план од Буџетот беа издвоени 707 милиони денари, што е речиси половина од предвидените средства за 2020 година, соопшти попладнево Министерството за труд и социјална политика.

Добивај вести на вибер

Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување што го усвои Владата, информира МТСП, се носел во широка консултација со бизнис секторот и синдикатите и е креаиран според потребите на пазарот на трудот.

Најголем акцент, истакнуваат, повторно се става на мерките самовработување, младинската гаранција, практиканство, обуки за напредни ИТ вештини, како и на програмите за докавалификација и преквалификација на невработените лица и нивно прилагодување за побаруваните профили на пазарот на труд.

На ниво на цела држава годинава преку Оперативниот план биле потпишани 1.484 договори за самовработување. Од нив вкупно 557 лица, односно 38 проценти се млади лица, до 29 години, а 518, односно 35 проценти се жени. Во последните неколку години околу 15 проценти од вкупно регистрираните приватни бизниси во државата потпаѓаат под програмата самовработување.

Според МТСП, активните мерки од Оперативниот план изминатиот период дале исклучително добри резултати во намалувањето на бројот на невработени, посебно на младите. Невработеноста на младите за една година е намалена за 10 проценти.

mtsp

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Горан Наумовски15/04/2024 - 11:44

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Горан Наумовски21/02/2024 - 14:15

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски30/08/2023 - 12:3330/08/2023 - 13:54

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска30/05/2023 - 13:16

Стефковски: Тренчевска ја врати разрешената директорка

Ана Ололовска26/05/2023 - 20:58

Стефковски: Скандал – Преку медиумите дознав дека ни се одземени надлежностите за градинката

Ана Ололовска23/05/2023 - 13:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен