МТСП: Самохраните родители кои имаат ниски примања повеќе нема да плаќаат за градинка

Од:

Министерството за труд и социјална политика информира дека од денеска сите самохрани родители кои имаат плата и месечни приходи во износ до минималната плата утврдена со Закон, ќе бидат ослободени од плаќање на партиципацијата за сместување на дете во детска градинка.

Согласно со заложбите за поддршка на самохраните родители, содржани во Програмата за работа на Владата на Република Македонија, министерката Царовска го измени Правилникот за условите, критериумите и начинот на остварување на правото на партиципација во трошоците за згрижување, воспитание, одмор и рекреација на деца во јавните установи за деца.

Во членот 3 од Правилникот е предвидено дека Правото на партиципација во јавна установа за деца – детска градинка се остварува за дете од семејство на самохран родител (aко еден од родителите е починат или не е познат или му е одземено родителското право или ако од други причини едниот родител е спречен да го врши родителското право), со плата и други месечни приходи во износ до минималната плата утврдена со закон.

Ги известуваме јавните установи за деца – детските градинки и сите самохрани родители кои ги исполнуваат законските услови за остварување на правото на партиципација да поднесат барање со потребната докуменетација, наведена во Правилникот, до јавната установа за деца во која детето престојува, односно е згрижено, за остварување на правото на партиципација.

Правилникот е објавен во Службен весник на 20 март 2018 и на веб страната на МТСП.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска