МТСП: Првпат во историјата на државата се носи Закон за спречување на насилство врз жените

Од:

Почитување на основните човекови слободи и права загарантирани со Уставот и ратификувани со меѓународни договори има за цел Предлог законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство што на последната седница на предлог на Министерството за труд и социјална политика го усвои Владата.

– Законот треба да обезбеди спроведување на принципот на еднаквост, елиминирање на стереотипите за родовите улоги, превенција на сите форми на родово-базирано насилство врз жените, семејното насилство и утврдување на мерките и активностите за заштита на жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Предлог законот содржи превентивни мерки, како и мерки за заштита на жртвите од повеќе видови и форми на родово базирано насилство. Со него се уредува постапувањето на институциите со должно внимание при заштитата на жените од сите форми на родово-базирано насилство и жртвите на семејно насилство, но и координацијата на институциите и организациите.

Министерството за труд и социјална политика во изминатите две години презеде конкретни чекори во воспоставување на сеопфатен и ефикасен систем за превенција и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.

Земјава на 30 декември 2017 година ја ратификуваше Европската конвенција за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство (Истанбулска конвенција), која стапи на сила на 1 јули 2018 година. За таа цел усвоен е Акциски план за имплементација на ова Конвенција и објавен е на страната на МТСП, во кој се предвидени конкретни активности и временска рамка за реализирање. Посебен фокус во имплементацијата на Акцискиот план е воспоставувањето на специјализираните сервиси за жртви на семејно насилство.

До крајот на 2019 година отворени се вкупно 12 специјализирани сервиси за жени жртви на насилство во седум плански региони во земјава.

На веб страницата на МТСП се контактите од центрите каде може да се пријави семејно насилство.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска