МТСП: Продолжуваме со грижата за најмладите, за 24.461 дете исплатен образовен додаток

Од:

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека е извршена исплата на додатокот за образование, за третиот мерен период, за 24.461 дете.

-Секој поединец, секое семејство заслужува еднаква грижа. Посебна грижа ни се децата, кои се најранливи на стресовите кои едноподруго се случуваат во кризни услови. Затоа е многу значајно децата од семејства без или со ниски приходи да добијат дополнителна поддршка. Токму затоа, Владата донесе уредба за престанување на важење на условот за потврда за редовност за исплата на додатокот за образование за третиот и четвртиот мерен период за учебната 2019/2020 година, со цел да го олесниме пристапот до овие права, наведува Министерството.

Според МТСП, со социјалната реформа повеќекратно е зголемен бројот на деца корисници на ова право. Пред реформата, бројот на корисници на програмата условен паричен надоместок изнесуваше 2.877.

Би можело да ве интересира

МТСП: Исплатен образовен додаток за над 26 илјади деца

А1он

МТСП: Среда, 15 јули, неработен ден за сите граѓани

Ана Ололовска

МТСП: Активните мерки за вработување успешни и во услови на криза, со субвенцинирање на плати вработени 1.346 лица

Ана Ололовска

Банките подготвени за исплата на социјалната и детска заштита

Ана Ололовска

МТСП: Денеска почнува исплата на правата од социјална и детска заштита за корисниците со картички, од понеделник на шалтерите на банките

Ана Ололовска

ВИДЕО: Царовска, Бајрактар и Богоев го посетија инклузивното детско игралиште во Карпош 2

Ана Ололовска