МТСП: Продолжуваат заложбите за поголема интегрираност на лицата со аутизам во општеството

Од:

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници на Здружението на граѓани за третман на лицата со аутизам „Во мојот свет“. На средбата, како што соопшти Министерствито, биле отворени повеќе прашања кои се особено важни за унапредување на условите, третманот, капацитетите, човечките ресурси и подобро воспоставување на мрежата на институции неопходни за третман на лицата со аутизам во нашата држава.

Од здружението „Во Мојот свет“ информираа дека само во нивното здружение членуваат 496 семејства, а на ниво на држава функционираат неколку Дневни центри за третман на лицата со аутизам. Дневниот центар во општина Аеродром, Скопје кој функционира неколку години, Центарот во општата болница во Охрид од пред 1 година. Како центри кои се во тек на реализација од здружението ги наведоа Дневниот центар во Тафталиџе, Скопје, Центарот во клиничкиот центар Тетово и Центарот во рамки на Заводот за рехабилитација во Топанско поле, Скопје и можноста за отворање на дневен центар во Гостивар, каде административните работи се во финална фаза.

Како особено важна од здружението „Во мојот свет“ ја истакнаа потребата од Национален протокол за аутизам, кој би вклучувал и Регистар на лица со аутизам и национална стратегија за третман на лица со аутизам.

– Лицата со аутизам се составен дел од нашето општество и будењето на свеста за нивната присутност и овозможувањето на услови за подобар живот и третман се неопходност и за нив и за нивните семејства. Затоа сите заедно во рамки на можностите треба максимално да се заложиме, да преземеме мерки и активности за да им обезбедиме полесно функционирање, истакна на средбата министерката Шахпаска.

Таа изрази подготвеност и поддршка за поголема интегрираност на лицата со аутизам во општеството и порача дека преку партнерски однос меѓу институциите, граѓанските здруженија, локалната власт и меѓународните организации може да се постигне вистинска вклученост на овие лица и обезбедување на вистински третман и услуги.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Позитивните примери од Хрватска несомнено ќе придонесат во унапредување на системот за социјална и детска заштита

Ана Ололовска

Ковачевски: Социјална сигурност, повисоки пензии и нови градинки со Предлог-буџетот на МТСП за 2023

Ана Ололовска

МТСП: Отворен Центарот за жени жртви на семејно насилство во Полошкиот регион

Ана Ололовска

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Ана Ололовска

Министерството за труд: ВМРО-ДПМНЕ злоупотребува и деца за политички цели

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Ана Ололовска