МТСП: Пријавете семејно насилство, институциите постапуваат, а сервисите за заштита и поддршка се функционални

Од:

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) денеска соопшти дека го зголемила достапноста на сервисите за жртвите од насилство низ земјата.

-Во состојби на стрес и домашна изолација насилството може дополнително да ескалира, се наведува во соопштението од МТСП и се додава дека никој не треба да се чувствува дека е оставен сам на себе.

Потенцијалните жртви, како што се наведува, можат да се обратат за помош во центрите за социјална работа и воспоставените сервис: http://mtsp.gov.mk/ns_article-prijavi-semejno-nasisltvo.nspx и на бесплатните телефонски СОС линии 070/075/077 141 700.

-МТСП и останатите институции координирано постапуваат и преземаат конкретни мерки за заштита на жртвите согласно законските надлежности за итно и должно постапување и за време на полициски час. Стручните лица од центрите за социјална работа имаат дозвола за непречено движење и за време на полициски час, со цел жртвите да ја добијат потребната заштита и поддршка. Сите кои сакаат да пријават насилство тоа треба да го сторат и за тоа не им е потребна посебна дозвола. Тие непречено можат да се движат до најблиската полициска станица, се потенцира во соопштението.

Од МТСП ги охрабруваме сите жени кои се соочуваат со каква било форма на семејно насилство или насилство од својот партнер да пријават на 192, СОС линиите, во центрите за социјална работа или најблиската полициска станица.

-Институциите даваат највисок приоритет на пријавите на семејно насилство и ги превземаат сите мерки за заштита на жртвите, се посочува во соопштението од МТСП.

Би можело да ве интересира

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

Левица: Семејното насилство да се гони по службена должност – потребни се итни промени на Кривичниот законик

Горан Наумовски

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец ја киднапирал и крвнички ја тепал поранешната партнерка, продолжил да ја удира и откако си ги исекла вените

Катерина Ѓуровски