МТСП: Повеќе од 400 поими и нивните дефиниции од терминологијата за родова еднаквост достапни и на македонски јазик

Од:

Од денеска на македонските граѓани им се достапни повеќе од 400 поими и нивните дефиниции од терминологијата за родова еднаквост. Европскиот институт за родова еднаквост (ЕИГЕ) ги преведе Поимникот и Речникот кој ги содржи сите синоними и сродни концепти и на македонски јазик, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Целта на Поимникот и Речникот со македонски зборови, како што се посочува, е заедничко разбирање на поимите за родова еднаквост во чувствителната комуникација на оваа тема во ЕУ и пошироко.

На темата „Родово чувствителна комуникација“ беше организирана дводневна регионална виртуелна работилница. Повеќе од 60 учесници од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Република Северна Македонија, Србија и Турција имаа можност да научат како да го употребуваат и промовираат родово-одговорниот и инклузивен јазик во нивната работа, во националните документи, како и во јавната комуникација, информираат од Министерството.

Од 2013 година, Евопскиот институт за родова еднаквост работи со седум земји кандидати за членство во ЕУ и потенцијални кандидати на Западен Балкан и Турција за да го изградат својот капацитет за родова еднаквост според Инструментот за претпристапна помош (ИПА) од Европската комисија. Поимникот и Речникот со кој се гради заедничко разбирање за поимите за родова еднаквост, освен на македонски јазик, преведен е и на албански, српски и босански јазик. Речникот е достапен на следниот линк : A-Z Index | European Institute for Gender Equality (europa.eu) , стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски