МТСП: Обезбедени се сите услови за непречено функционирање на градинките и за непречена грижа за децата

Од:

Министерството за труд и социјална политика испрати соопштение како одговор на денешниот допис на СОНК.

„Министерството за труд и социјална политика презеде мерки за надминување на наследените проблеми во Јавните установи за деца – детски градинки, со што се обезбедени услови за непречено функционирање и за непречена грижа за децата корисници.

Информираме дека Министерството веќе прави детална анализа на секоја установа поединечно што во текот на 2018 година ќе резултира со трајно решавање на кадровските проблеми кои во градинските ги создаде претходната Влада, држејќи ги воспитувачите, родителите и децата во редовна неизвесност.

Потсетуваме дека во последните 11 години системски е уривана детската заштита и е направен недостиг на кадар во градинките од повеќе од 2.000 луѓе. Како што веќе известивме, со Буџетот за 2018 година обезбедивме средства за 200 нови вработувања во градинките, за зголемувањето на платите за вработените во градинките за 5 отсто, дополнителни средства за материјални трошоци за функционирање на градинките“ се вели во соопштението на министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска