МТСП: Никој не смее да ги злоупотребува Центрите за социјална работа во партиски цели

Од:

„Министерството за труд и социјална политика известува дека во рамки на редовната работна посета на министерката Мила Царовска на Центарот за социјални работи во Гевгелија, таа имаше средба со сите вработени и со директорот на Центарот, Лазо Трајков.

На средбата, Царовска им укажа на вработените дека во текот на изборниот период Центарот не смее да се злоупотребува во партиски цели од припадник на која било партија.

На директорот на Центарот, му беше посочено дека две лица, вработени во ЦСР Гевгелија, меѓу кои и кандидатката за советничка на ВМРО ДПМНЕ, Ангелина Петкова, се посочени од страна граѓани дека на терен вршат париска агитација кај најранливите категории во општината и дека тој како надлежен треба да преземе соодветни мерки за да ги спречи злоупотребите.

Директорот на гевгелискиот Центар е поставен од страна на претходната власт и со него Министерството има одлична комуникација, што покажува дека вработените не се делат по партиска основа, туку според извршувањето на нивните задачи.

За МТСП и понатаму примарен интерес е да работи во заштита на граѓаните. Затоа, наша главна цел во текот на изборите е да ги заштитиме од уцените и злоупотребите, кои минатата власт редовно ги правеше, дури и врз грбот на најсиромашните и најранливите граѓани“ се вели во соопштението на министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска

Стефковски: Тренчевска ја врати разрешената директорка

Ана Ололовска

Стефковски: Скандал – Преку медиумите дознав дека ни се одземени надлежностите за градинката

Ана Ололовска