Во двата нови случаја на бременост на малолетнички, штитенички на Домот за деца со социјално-воспитни проблеми „25 Мај“ од Скопје, нема злоставување или сексуална експлоатација. Тие забремениле откако своеволно имале односи со штитеници од установата со кои биле во врска, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
Едната малоленичка која била 15-годишна ја прекинала бременоста откако дала согласност и таа и старателот, а за тоа била информирана и нејзината мајка. Втората малолетничка, која има 17 години, одлучила да го задржи бебето. По проценка на стручни лица дека е ресоцијализирана таа била вратена кај родителите. Таа кога ќе го роди детето ќе биде полнолетна.
– Ова девојче одлучило да не ја прекинува бременоста и во моментот е кај нејзиниот татко, кој се согласил да води грижа за неа и за бебето. И таа кажала дека не станува збор за силување или злоставување, но не сакала да каже со кого забременила, велат од Министерството за труд и социјална политика.