МТСП: Нема да се градат станови за бегалци, Македонија е транзитна земја

Од:

Лажна вест е дека државата ќе гради станови за бегалците и дека тие ќе останувале во Македонија, соопштија од министерството за труд и социјална политика.

„Во Република Македонија нема да се градат кампови за бегалци, нема да се даваат државјанства за бегалци, ниту пак ќе се активираат некои други мерки во таа насока.

Секоја информација во поинаква насока е лага, неточна и невистинита.

Република Македонија е држава која е транзитна станица на бегалците, и во минатото, и во бегалската криза од 2015/16 година. Kако земја членка на Обединетите Нации, нашата земја ќе им помогне на бегалците на нивниот пат кон крајните дестинации, согласно меѓународните стандарди и ратификуваната Конвенција за правата на бегалците од 1994 година.

,,Предлог Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027’’ е продолжение на иста таква стратегија за периодот 2009-2015 година, донесена од претходната влада на ВМРО ДПМНЕ. Документот нема никакво обврзувачко дејство и тие кои во минатото ја потпишале оваа стратегија го знаат овој факт.

И во оваа прилика ги осудуваме дезинформациите и наменското ширење страв и ксенофобија кај граѓаните“ се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска