МТСП: Навремено се исплаќаат социјалните права

Од:

Министерството за труд и социјална политика информира дека навремено ги исплаќа паричните надометоци од областа на социјалната заштита и помош и нега од друго лице.

– Правото за социјална парична помош и помош и нега од друго лице, од 2012 до 2017 година беа исплаќани со три месеци доцнење, односно средствата за ноември беа исплаќани во месец февруари. Од ноември 2017 оваа пракса е променета и правата за месец ноември се исплатени во декември 2017 година. Ова ќе биде редовна пракса и динамика на исплата и нема потреба од загриженост кај корисниците, наведуваат во соопштението.

Оттаму појаснуваат дека причината поради која исплатата за декември не се реализира во предвидениот рок до 15 јануари се должи на законската обврска секоја нова календарска година од страна на Владата на Република Македонија да се усвојува Програма од социјална и детска заштита.

– Врз основа на оваа Програма, посочуваат, се врши исплата на правата. Ова е застој од техничка природа заради запазување на процедурите и истиот веќе е надминат.

Програмата е усвоена од страна на Владата, а Министерството за труд и социјална политика веќе ги исплати правата од областа на социјалната заштита.​

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска