МТСП: Мерката „трето дете“ не дава резултати, трошоците растат, а наталитетот опаѓа

Од:

Мерката за трето дете е неефикасна и лошо дизајнирана од самиот почеток, велат од Министерството за труд и социјална политика.

„И покрај зголемениот број корисници мерката не дава никави демографски резултати. Наталитетот во времето на ВМРО-ДПМНЕ драстично опадна и по воведувањето на мерката „трето дете”. Според податоците, наталитетот во Македонија во 2010 година бил 11,8, а во 2017 година 10,5. Оваа мерка имаше можност 10 години да се имплементира, но таа очигледно не дава резултати“, велат од МТСП.

Од таму додаваат дека заедно со бројот на корисници на мерката, растат и трошоците на државата. И покрај фактот што наталитетот опаѓал, велат од Министерството, Владата потрошила безмалку 208 милиони евра за исплата на додатокот за трето и четврто дете.

„Сите овие податоци потврдуваат дека мерката за трето дете е неефикасна и лошо дизајнирана од самиот почеток. Така на пример, додаток за трето дете добивале семејства кои се во многу добра економска состојба и немало никакво ограничување во однос на ова па го добивале и семејства кои имаат многу високи приходи. Социјалната реформа која ја изработи актуелното раководство на МТСП воспоставува целосно нов, правичен и ефикасен систем на социјална заштита. Со него, се обезбедува еднакво општество за сите и се насочуваат парите кон оние граѓани на кои им се најпотребни“, велат од Министерството.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска