МТСП: Контактите на децата со родителите да се одржуваат во договор меѓу двајцата родители

Од:

Министерството за труд и социјална политика (МТСП), во врска со начинот на одржување на контактите на децата со родителите со кои не живеат, во услови на пандемија од корона вирусот, потсетува дека согласно со Законот за семејството, родителското право го вршат родителите заедно, во согласност со потребите и интересите на децата и интересите на општествената заедница, информираат од МТСП.

– Во услови на пандемија на корона вирусот, кога е доведено во прашање здравјето и животот на луѓето, родителите имаат обврска да се грижат за заштита на здравјето на децата и да го прилагодат движењето на децата согласно препораките на Владата за постапување во услови на вонредна состојба и воведен полициски час. Во овие услови потребно e родителите да се договорат за начинот на одржување на контактите на децата со родителот со кого не живеат, а притоа децата да не бидат изложени на опасностите кои со себе ги носи оваа пандемија, соопштија од МТСП

Во оваа насока од таму информираат дека центрите за социјална работа како надлежни органи се отворени и се на располагање на родителите за обезбедување на неопходната стручна и советодавна поддршка при договарање на начинот на одржување на односите меѓу родителите и децата.

Согласно со Законот за семејството двајцата родители се должни совесно и одговорно да ги извршуваат родителските права и обврски и да се грижат за заштита на здравјето на децата.

Би можело да ве интересира

Димески: МТСП не постапува по барањето за упис на легитимен претседател на Синдикатот на работниците за сообраќај и врски

Ана Ололовска

МТСП: Од утре почнува исплатата на мајските пензии

Ана Ололовска

Од среда исплата на пензиите, објавен распоред за нивно подигнување од банките

Ландов

МТСП: Породилното отсуство трае до завршувањето на времените мерки

А1он

Бајрактар и Шкријељ во Студеничани: Со социјалната реформа се грижиме за сите граѓани подеднакво

Ана Ололовска

МТСП: Прва задача за следниот собраниски состав е да го усвои Законот за заштита и спречување на дискриминација

А1он