А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МТСП: Конкурси за поддршка за активности за заштита на децата на улица и во социјален ризик

by А1он17/01/2019 - 12:24127
Share0

Министерството за труд и социјална политика објави јавни конкурси за поддршка на активности на здружениja за социјална заштита на деца на улица и психо – социјална поддршка на деца во социјален ризик. МТСП наскоро ќе објави уште два конкурса на кои ќе финансира активности поврзани со деца со пречки во развојот и со аутизам. Со овозможување повеќе и поквалитетни услуги надвор од институциите градиме поефикасен систем за заштита на децата и нивна интеграција во општеството.

Добивај вести на вибер

Со конкурсите кои што се во тек МТСП поодржува активности за заштита на децата на улица и нивно вклучување во општеството, намалување на негативните влијание на улицата врз децата и нивниот развој, зајакнување на системот за заштита на децата на улица и промовирање на вонинституционалната форма на социјална заштита -Дневен центар за деца на улица.

Меѓу предвидените активности ќе се работи и на обезбедување храна, облека и хигиенски средства за потребите на децата, медицинска нега и едукација за здравствената заштита, мотивација и подготовка на децата и нивните родители за вклучување во редовниот образовен систем, како и теренски активности и работа со децата на самото место (раскрсници, семафори и други места).

Целта на доставените проекти за психо – социјална поддршка на деца во социјален ризик треба да биде зајакнување на животните вештини на децата со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение, со посебен акцент на деца кои употребуваат психоактивни супстанции. Во рамки на овој проект ќе се спроведат активности за идентификација и поддршка во надминување на социјалниот ризик на децата кои употребуваат психоактивни супстанци, а ќе се овозможи и помош за совладување на образовните содржини, односно довршување на образовниот процес или доквалификација заради полесно вклучување на пазарот на труд.

Конкурсите траат 5 дена од денот на објавувањето, а крајниот рок за доставување на апликациите е до 16 часот на последниот ден на конкурсот. Двата јавни конкурси се достапни на:http://www.mtsp.gov.mk/oglasi-izvestuvanja.nspx

mtsp

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Горан Наумовски15/04/2024 - 11:44

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Горан Наумовски21/02/2024 - 14:15

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски30/08/2023 - 12:3330/08/2023 - 13:54

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска30/05/2023 - 13:16

Стефковски: Тренчевска ја врати разрешената директорка

Ана Ололовска26/05/2023 - 20:58

Стефковски: Скандал – Преку медиумите дознав дека ни се одземени надлежностите за градинката

Ана Ололовска23/05/2023 - 13:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен